Утрински Весник
Свет

Руски научници развија ново соединение за борба против ракот

20231026 nauchnicite otkrile novi virusi kaj glodachite nekoi predizvikuvaat rak m.jpg

Експерти од Државниот универзитет во Мари и Федералниот истражувачки центар „Уфа“ при Руската академија на науките, развија ново хемиско соединение кое би можело да стане основа за создавање иновативни лекови против тумори, објави Министерството за наука и образование на Русија.

Ова соединение делува селективно на туморските клетки, речиси без да ги оштети здравите клетки, а неговата молекуларна структура комбинира фенотијазинска и трифенилфосфониумска група.


Благодарение на оваа комбинација, соединението ја таргетира „слабата точка“ на туморските клетки – митохондриите и ја нарушува нивната работа, објавува РИА Новости.

„Резултатите од истражувањето покажаа дека новото соединение ефикасно го потиснува растот на разни малигни клетки, вклучувајќи рак на црниот дроб, аденокарцином на белите дробови, колоректален карцином и леукемија. Активноста се манифестира дури и при ниски концентрации, што го прави соединението особено ветувачко за развој на лекови“, рече Константин Белослудцев, доктор по биолошки науки и проректор за иновации на Државниот универзитет во Мари, објавува Танјуг.

Како дополнителна предност, Белослудцев ја истакна едноставноста на синтезата на соединението, што овозможува негово производство во доволни количини за претклинички и клинички испитувања. Овие студии се спроведени во рамките на програмата „Приоритет 2030“, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Големиот пожар во пристаништето во Хамбург е изгаснат

Главните автопатишта во Израел се затворени поради протести со кои се бара прекин на војната во Газа

Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа