Утрински Весник
Свет

Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца

Napad Ukraina Herson.jpg

Шест лица, меѓу кои и 14-годишни близнаци, се повредени во руски напад врз станбена зграда во Херсон, соопшти шефот на регионалната воена администрација, Олександр Прокудин.

Нападот предизвикал уништување на 15 станови, од првиот до десеттиот кат, а прозорците на 80 домови се скршени. Две лица биле спасени од урнатините на осмиот и деветтиот кат.


Близнаците се хоспитализирани, но според лекарите, нивната состојба е стабилна. Во болница е примен и 47-годишен маж, кој во моментот на нападот се наоѓал во собата на чуварот на паркингот.

Тој има повреди од шрапнел и скршеница на ногата. Тројца други повредени добиле медицинска помош на местото на настанот.

Околу 120 лица, меѓу кои спасители, полицајци, медицински тимови и волонтери, учествуваат во операцијата за расчистување на урнатините.

Можете да прочитате

Деновиве ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија

Неколку дена пред изборите во Германија, ЦДУ е под прагот на поддршка од 30 отсто, покажува анкета

Трамп нареди затворање на базата на податоци за полициска злоупотреба во САД