Утрински Весник
Свет

Руски медиуми: Разрешен е командантот на рускиот источен воен округ

Руски медиуми: Разрешен е командантот на рускиот источен воен округ

Русија го разреши командантот на Источниот воен округ, генерал-полковник Александар Чаик, објави во петокот рускиот портал РБЦ.

dobivaj vesti na viber

РБЦ, повикувајќи се на јавно достапни државни регистри, објави дека генерал-полковник Рустам Мурадов е назначен за негов наследник.

Источниот воен округ ги опфаќа војниците на рускиот Далечен Исток, иако повеќето од нив моментално се распоредени во Украина.

Мурадов, кој беше санкциониран од ЕУ во февруари, претходно служеше во Донбас и командуваше со руските мировни сили во Нагорно-Карабах, отцепен регион на Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Кремљ и руското Министерство за одбрана не ја потврдија оваа информација.

РБЦ во понеделникот објави дека командантот на Западниот воен округ, генерал-полковник Александар Журављов, исто така, бил разрешен, веднаш по драматичните загуби на Русија минатиот месец и загубата на Лиман во Доњецк.

Руските сили оттогаш изгубија контрола над неколку стотици квадратни километри во регионот Керсон, територија која Русија сега ја смета за дел од Русија.

Во септември, заменик министерот за одбрана за логистика, генерал Дмитриј Булгаков, беше сменет од генерал-полковник Михаило Мизинцев, кого ЕУ го обвинува дека ја организирал опсадата на Мариупол во која загинаа илјадници цивили.

Во август, РИА објави дека командантот на Црноморската флота бил сменет по серијата порази, вклучително и потонувањето на воен брод и загубата на осум воени авиони во напад на руска база на Крим,пренесе н1.инфо.хр.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен