Утрински Весник
Свет

Руски дронови повторно навлегле во молдавскиот воздушен простор

Dronovi.jpg

Трети пат во девет дена руски дронови го нарушиле во молдавскиот воздушен простор. Според Министерството за внатрешни работи на Молдавија, идентификувани се два руски дрона кои прелетале над молдавска територија во доцните вечерни часови. Воздушниот простор бил затворен еден час и десет минути. По прелетот, дроновите продолжиле кон Украина.

Властите го опишаа инцидентот како сериозна закана за воздушната безбедност и незаконско и опасно дејствување што ги загрозува цивилните летови и животите на граѓаните.

„На пат кон убивање цивили, руските дронови повторно го прекршија молдавскиот воздушен простор, принудувајќи го неговото привремено затворање. Ги осудуваме овие напади и стоиме со Украина.“ – реагираше претседателката Маја Санду на платформата X.

Санду, која силно го поддржува приближувањето на Молдавија кон Европската унија, често ја обвинува Москва за обиди да ја дестабилизира земјата.

Можете да прочитате

Шпанските машиновозачи ќе штрајкуваат по сериозните несреќи

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време