Утрински Весник
Свет

Руски блогер го разоткри нападот на Краматорск: Приказната за 600 убиени Украинци е измама

Иран до своите граѓани: Напуштете ја Украина

Украинските сили ги одбиваат тековните руски напади врз Бахмут и други градови во Донбас, на истокот на земјата, соопшти Киев, откако ги демантираше тврдењата на Кремљ за 600 загинати украински војници, што исто така сериозно е доведено во прашање од руските блогери.

dobivaj vesti na viber

Русија изминатиот ден изврши седум ракетни напади, 31 воздушен напад и 73 ракетни фрлачи, објави главниот штаб на украинската армија во својот дневен извештај. Во него се наведува дека украинските сили одбиле напади врз 14 места и градови, меѓу кои и Бахмут. „Ројтерс“ не може самостојно да го потврди извештајот за ситуацијата на бојното поле.

„ Бахмут се држи и покрај се. Иако поголемиот дел од градот е уништен од руските напади, нашите војници одбиваат постојани руски обиди за напредување – рече Зеленски во вечерното видео обраќање, додавајќи дека „Соледар се држи, иако уништувањето е уште поголемо, а ситуацијата е многу тешка.

Зеленски повторно го осуди, како што рече, неуспехот на Русија да го почитува примирјето што го прогласи за православниот Божиќ.

„Русите го гранатираа Херсон со запалива муниција веднаш по Божиќ“, рече тој, мислејќи на градот на југот на земјата што руските сили го напуштија во ноември.

„ Удари врз Краматорск и други градови во Донбас – врз цивилни цели и тоа токму во моментот кога Москва известуваше за наводниот прекин на огнот за својата армија – рече Зеленски.

Русија во неделата соопшти дека во ракетен напад врз Краматорск, северозападно од Бахмут, загинале 600 украински војници, но репортерот на „Ројтерс“ на местото на настанот не нашол докази за тврдењата.

Новинарите на „Ројтерс“ посетија две згради од студентски дом каде, според руските наводи, украински војници биле привремено сместени во близина на линијата на фронтот во моментот на рускиот ноќен ракетен напад.

Се чини дека ниту една од двете згради не е сериозно оштетена. Исто така, нема очигледни знаци дека таму биле војници, ниту траги од тела или крв. Искршени се некои прозорци на една зграда, а во дворот има голем кратер. Втората зграда, која руското Министерство за одбрана ја нарече Хостел бр. 28, е целосно недопрена.

Некои влијателни руски блогери ги критикуваа тврдењата на руското Министерство за одбрана за 600 убиени украински војници.

– Ајде да зборуваме за измама. Не ни е јасно кој и поради која причина одлучил сите 600 украински војници да загинат наеднаш ако всушност не била погодена зградата, дури ни струја не снемало – напиша блогер под името „Воен информатор“ на „Телеграм“.

– Наместо вистинско уништување на непријателскиот персонал, што би бил вистинскиот одговор, измислена е ексклузивна медиумска операција на одмазда – додаде тој.

Украина тврди дека убила 760 руски војници минатата недела во нападите врз Херсон и регионот Запорожје. И „Ројтерс“ не можеше да ги потврди тие извештаи.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно