Утрински Весник
Свет

Руската Дума одлучи дека саботерите ќе се казнуваат со доживотен затвор

Руската Дума одлучи дека саботерите ќе се казнуваат со доживотен затвор

Пратениците на руската Државна дума го усвоија предлог-законот против „саботажа“ во прво читање. Нацрт-законот ги класифицира деструктивните и терористичките активности во Русија како „саботажа“ и ги казнува со доживотен затвор. Предлог-законот е поднесен од 380 претставници, а неговата наводна цел е „да се заштити земјата и нејзините граѓани од закани за тероризам и саботажа“.

dobivaj vesti na viber

Новиот закон додава три нови точки на членот 281 од рускиот кривичен законик („Саботажа“): 281.1 („Помагање во саботажа“), 281.2 („Обука за саботажа“) и 281.3 („Организирање или учество во диверзантско здружение“). Претседателот на Думата Вјачеслав Володин со ентузијазам го поздрави усвојувањето на законот.

„Со оглед на тоа што Руската Федерација спроведува специјална воена операција, а во исто време прифаќа бегалци и останува отворена за влез на странски државјани, донесувањето на нови закони е чекор од фундаментално значење, неопходен за одбрана на нашата земја. Казната за саботажа ќе биде што е можно построга“, нагласи тој.

Предлог-законот вклучува формулации за убедување и регрутирање потенцијални саботери, нивно спонзорирање и обука, како и организирање на нарушувачки групи, со доживотен затвор за секоја од овие активности, пренесува Медуза.

Учеството во организација што се занимава со саботажа ќе се казнува со затвор до 10 години. За „помагање саботажа“ се предвидени казни од 10 до 20 години. Сегашниот закон ја казнува саботажата со доживотен затвор само доколку саботажата резултирала со смрт на едно или повеќе лица.

Можете да прочитате

ОАЕ ќе вложи 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус

Шпанскиот премиер го нарече Израел геноцидна држава

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро