Утрински Весник
Спорт

Руска сабота во Париз – Хачанов и Пављученкова во четврт-финалето на Ролан Гарос

Руска сабота во Париз – Хачанов и Пављученкова во четврт-финалето на Ролан Гарос

Карен Хачанов се пласираше во четврт-финалето на Франција опен, каде што ќе е потенцијален следен противник на Новак Ѓоковиќ, кој подоцна игра со Перуанецот Хуан Пабло Варилјас, додека неговата руска сонародничка, Анастасија Пављученкова исто така е меѓу најдобрите осум по одличен камбек.

dobivaj vesti na viber

11. носител, Хачанов одигра катастрофален прв сет, но потоа се врати во вистинска форма за 1:6/6:4/7:6(7)/6:1 победа над Италијанецот Лоренцо Сонего.

Поранешната финалистка Пављученкова, пак, стана најнискорангираната четврт-финалистка во Париз во Опен ерата (од 1967 година), откако губеше со сет и брејк негатива за 3:6/7:6(3)/6:3 победа над Белгијката Елисе Мертенс во меч кој траеше 3 часа и 9 минути.

31-годишната Русинка, која беше финалистка во 2021, во моментов е на 333. место на ВТА листата по сериозната поведа на коленото по која паузираше цела 2022. Ова е втор меч на Пављученкова од над 3 часа, откако во второто коло со 4:6/7:5/7:5 ја победи 15. носителка, Људмила Самсонова.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига