Утрински Весник
Свет

Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

20241003070845 Big 730x400 47.webp.webp

Руска наведувана бомба доцна синоќа погоди петкатна станбена зграда во Харков, предизвикувајќи пожари и ранувајќи најмалку 10 лица, соопштија локалните власти.

Претседателот Володимир Зеленски рече дека тоа е последен во долгата низа напади врз градот и ја нагласи потребата за поголема помош од западните поддржувачи на Украина.

-За да ги запре руските напади, Украина мора да добие доволна помош од светските партнери, рече тој.

Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синиехубов изјави дека бомбата паднала меѓу третиот и четвртиот кат на зградата и дека неколку ката се уништени.

-Во тек е претрес стан по стан. Луѓето би можеле да бидат под урнатините, рече Синиехубов во видеото објавено на интернет.

Градоначалникот на Харков, Ихор Тереков изјави дека се повредени 10 лица, меѓу кои и тригодишно дете. Тој рече дека наведуваните бомби погодиле две населби во градот.

Можете да прочитате

Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе

Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 летови

Иран се коцка со нападот врз Израел по понижувачките удари врз сојузниците