Утрински Весник
Свет

Русите забранија цивили да влезат во Херсон

Русите забранија цивили да влезат во Херсон

Лидерот на Херсон денеска изјави дека властите почнале да евакуираат цивили поради украинската контраофанзива и дека на цивилите им е забранет влезот во регионот седум дена.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот Владимир Салдо рече дека регионот има ресурси да го задржи градот Херсон и дека одлуката е донесена за да се чуваат цивилите безбедни.

Салдо рече дека властите планираат да евакуираат од 50.000 до 60.000 луѓе во следните шест дена бидејќи се зголемува притисокот од украинската контраофанзива.

Властите префрлаат цивили на левиот брег на Днепар за да бидат безбедни и за да може армијата „одлучно да дејствува, вели тој.

Околу 10.000 луѓе дневно ќе бидат префрлени во следните шест дена и некои региони во Русија се подготвуваат да ги примат.

Повеќе од 5.000 луѓе веќе го напуштиле Херсон во последните два дена, рече тој.

 

Можете да прочитате

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот