Утрински Весник
Свет

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Putin opshta profil.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик-претседателот на руската Дума изјави дека составот на московската делегација за мировните преговори со Украина утре во Истанбул ќе биде соопштен вечерва, додавајќи дека на маса би можела да биде размената на сите затвореници.

„Што се однесува до Истанбул, нема да кажам ништо, сè ќе знаете навечер“, рече Леонид Слуцки, лидер на Либерално-демократската партија (ЛДПР), во интервју за каналот ШОТ на комуникациската платформа Телеграм.


Од Кремљ се уште не соопштуваат кој ќе биде во руската делегација на претстојните преговори со Украина во Истанбул. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека делегацијата утре дефинитивно ќе престојува во Турција. „Ќе го соопштиме составот на делегацијата кога ќе добиеме соодветни инструкции од претседателот. Досега немало такви инструкции“, рече Песков на прес-конференција.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД