Утрински Весник
Спорт

Русите се подготвени да се преселат во Азиската конфедерација, УЕФА не сака тоа да се случи

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Извршниот комитет на Руската фудбалска федерација (РФС) во петок ќе расправа за прашање од најголемо значење за тамошниот фудбал. Имено, челниците на рускиот фудбал размислуваат да ја напуштат Европската фудбалска федерација (УЕФА) и да се преселат во Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

dobivaj vesti na viber

Мнозинството е за останување во познато опкружување, играње врвен фудбал во Лигата на шампионите, што носи десет пати повеќе пари отколку во Азија, каде организацијата е десет пати полоша во однос на стариот континент.

Но, во Русија се свесни дека поради војната и политичката ситуација веројатно нема да имаат можност да се натпреваруваат во Европа во наредните години. Се шпекулира дека забраната нема да биде укината во наредните 10 години.

Што се однесува до Азија, не се познати ставовите на Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, додека најверојатно огромното мнозинство нема да се противи на приклучувањето, се разбира доколку се согласи и ФИФА.

Руските новинари и навивачи повеќе се на ставот „Не за Азија, ја чекаме УЕФА“, сепак, членовите на Извршниот одбор на Федерацијата ќе треба да се водат од разумот, а не од емоциите.

УЕФА, од друга страна, презеде акција и испрати порака дека е против можното заминување на Русија.

„Без разлика на моменталната ситуација, УЕФА не сака Русија да го повлече своето членство од организацијата. УЕФА е подготвена на варијанта, штом тоа го дозволи геополитичката ситуација, да го реинтегрира рускиот фудбал во своето јато. Би било сериозен удар за УЕФА доколку Русија се повлече“, пишува „Чемпионат“, повикувајќи се на свои извори во седиштетот на УЕФА, во Нион.

Според овој извор, УЕФА знае што ќе направи во моментот кога ќе паднат санкциите. Договорено е во Волгоград да се одигра турнир во младинските категории. Турнирот е закажан за мај наредната година.

Очигледно УЕФА очекува дека дотогаш ќе се стекнат услови да биде симната забраната за репрезентацијата и клубовите.

Да потсетиме, Русија е членка на УЕФА од 1954 година.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност