Утрински Весник
Свет

Русите побараа од Хамас брзо ослободување на заложниците

Screenshot 2024 01 19 220032

Руското Министерство за надворешни работи денеска прими делегација на Хамас и притоа го повика раководството на ова милитантно движење да ги ослободат заложниците што ги држат во Појасот Газа, меѓу кои и тројца руски државјани.

Министерството соопшти дека Михаил Богданов, заменик министер за надворешни работи, го примил членот на Политбирото на Хамас, Абу Марзук.

„Фокусот на разговорот беше актуелната конфронтација во палестинско-израелската конфликтна зона, во чија заднина се одвива хуманитарната криза во Појасот Газа, која доби катастрофални размери“, се наведува во соопштението.

„Руската страна ја нагласи потребата за брзо ослободување на цивилите приведени за време на нападот на 7 октомври 2023 година, држени од палестински фракции, вклучително и тројца руски државјани“, заклучува Министерството.

Милитантите на Хамас во нападот врз јужен Израел на 7 октомври киднапираа 240 лица. Голем број од нив, над 100, беа ослободени во ноември во замена за краткотрајно примирје. Израел тврди дека околу 132 се уште се во Појасот Газа, а 25 од нив починале во заробеништво.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме