Препораката на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) за настап на руските и белоруските спортисти на интернационалните натпреварувања како неутрални спортисти е „дискриминаторска“ кон спортистите, смета спортската комисија на Рускиот олимписки комитет (РОЦ).
ИОЦ препорача исклучување на Русија и Белорусија по војната во Украина во февруари 2022, но минатиот месец препорача нивните спортисти да се вратат на натпреварите како неутрални спортисти, без знаме и химна, а тие кои ја подржуваат војната акција и се дел од воените сили на Русија се цлосно исклучени.
Спортската комисија на РОЦ, предводена од поранешниот олимписки шампион на 800 метри ги осуди ИОЦ за оваа одлука.
„Предложената реинтеграција и критриумите кои се поставени се преетерани и дискриминаторски, според националност, според спортот и според поврзаноста со одредени институции кои со децении се дел од спортот. Ова е опасен преседан според кој ниту еден спортист на светот не може да биде сигурен дека ќе се почитуваат неговите или нејзините човечки права, нешто што треба да е јасно според олимписката повлба. Ние сме жртва на политички игри кои ја делат спортската заедница“, се вели во објавата на РОЦ.
Досега, пинг-понгот, петобојот, мечувањето, џудото и теквондото ги вратија Русите и Белорусите на натпреварувања, додека тенисерите и тенисерките воопшто не бе искучени.