Утрински Весник
Свет

Русите ја нападнаа областа околу Киев, Украинците ги нападнаа руските Саратов и Енгелс

Ukraina 3.webp.webp
Dik 300x250 mk

Околу десетина дронови се уништени додека се приближувале до градот во регионот околу Киев, соопшти на Телеграм Серхиј Попко, шеф на воената администрација на Киев.

Тој додаде дека оценката за јачината на нападот ќе биде позната подоцна денеска.

Поголемиот дел од централна и источна Украина околу 2:30 часот беше под предупредување за воздушен напад.

Во исто време, остатоци од уништени беспилотни летала лансирани од Украина насочени кон руската област Саратов оштетиле неколку куќи во градовите Саратов и Енгелс, соопшти денеска гувернерот на регионот кој се наоѓа неколку стотици километри југоисточно од Москва.

Сите служби за итни случаи се испратени на местото на настанот, нагласи гувернерот на Ростов, Роман Бусаргин.

Можете да прочитате

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз

Индонезиската полиција откри сомнителен прав при истрагата на експлозиите во џамија во Џакарта