Русинот, кого полицијата го истражувала откако неговата ќерка нацртала антивоен цртеж на училиште, во вторникот е осуден во отсуство на две години затвор поради дискредитација на вооружените сили, објави организацијата за човекови права ОВД-Инфо, пренесува Хина.
Сепак, портпаролот на судот изјави дека човекот Алексеј Москаљов избегал од домашен притвор во текот на ноќта, а не се знае каде се наоѓа.
„Обвинетиот, господинот Москаљов, не присуствуваше на изрекувањето на пресудата бидејќи синоќа избега од домашен притвор“, изјави портпаролот на видеото од судницата што го објави независната новинска агенција СОТА.
Москаљов е разделен од својата ќерка Маша откако беше ставен во домашен притвор на почетокот на март, а Маша беше преместена во дом за деца без родители во нивниот роден град Јефремов, јужно од Москва.
Случајот предизвика негодување меѓу руските активисти за човекови права и предизвика онлајн кампања за повторно обединување на таткото и ќерката.
Москаљов беше осуден за коментари за војната во Украина што ги објави на Интернет.
Но, истрагата започна откако 12-годишната Маша нацрта цртеж од руски ракети кои паѓаат врз мајка и дете од Украина во април минатата година, што го натера директорот на училиштето да повика полиција.
RUSSIAN ZOMBIES
A 🇷🇺6th grader was told to draw a picture supporting 🇷🇺’s war.
She drew this picture & the slogans “Glory to Ukraine” & “No War!”
Now her dad is up on criminal charges and she might be off to the orphanage.
🇷🇺news on this (legally) must censor the word “war.” pic.twitter.com/aIOwSyJyWq
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) March 1, 2023
Полицијата почна да ги истражува активностите на Москаљов на социјалните мрежи и тој првично беше казнет со 35.000 рубли (460 долари) за критикување на руската војска.
Во декември, истражителите отворија уште еден случај против него поради сомневање за дискредитација на вооружените сили, овој пат поради објава на социјалните мрежи во јуни.
Адвокатот на семејството во вторникот ја посети Маша во домот за деца без родители.
Девојчето му дозволило да го фотографира писмото што таа му го напишала на нејзиниот татко: „Тато, ти си мојот херој“.
Набргу по инвазијата на Украина минатата година, Русија донесе закони против дискредитација на вооружените сили или свесно ширење „лажни информации“ за нив, со максимална казна од 15 години затвор,пренесе Нова рс.