Утрински Весник
Свет

Русин се соблекол гол на светата планина на Бали и се фотографирал, го депортирале

Русин се соблекол гол на светата планина на Бали и се фотографирал, го депортирале

Минатата недела на социјалните мрежи почна да кружи фотографија од маж кој се соблекол гол, односно ги спуштил панталоните до глуждовите и позирал на планината Агунг на Бали, која локалното население ја смета за света планина.

dobivaj vesti na viber

Рускиот државјанин, идентификуван само како Јури, ќе биде депортиран од Индонезија поради овој инцидент. Иако Јури се извини за стореното, ќе добие забрана за повторно влегување во Индонезија најмалку шест месеци, пишува Би-Би-Си.

Хиндусите веруваат дека планината Агунг, највисоката точка на островот, е дом на боговите, а локален функционер изјавил дека нема оправдување за однесувањето на човекот.

„Тој ги прекрши нормите и не покажа почит кон нашата култура“, рече шефот на Канцеларијата за човекови права на Бали, Анџијат Напитупулу.

„Нема оправдување за тоа што го направив. Единственото оправдување што можам да го дадам е моето незнаење“, вели Јури во видеото кое го објави на Инстаграм. Русинот подоцна учествувал на специјална церемонија за чистење на планината – ритуал кој често го одржува локалното население по ваквите инциденти.

Виџаја, почесниот генерален конзул на Русија во Бали, за индонезиската Си-Ен-Ен изјави дека туристот е „луд“ и дека требало да биде депортиран.

Гувернерот на Бали, Вајан Костер, ги објави плановите за укинување на визните дозволи за туристите од Русија и Украина, велејќи дека многумина од двете земји се собрале на Бали среде војната, но честопати не ги следат локалните прописи.

Можете да прочитате

Германија остро осудува: Иранските напади врз Израел го загрозуваат мирот на Блискиот Исток

Израелските сили навлегле 400 метри на либанска територија и се повлекле

Кока-Кола ја затвора фабриката во Германија – 500 работници остануваат без работа