Утрински Весник
Свет

Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина

20250314105246 Big 730x400 7.webp.webp

Рускиот воен суд денеска соопшти дека осудил жител на областа Иркутск во источен Сибир на 14 години затвор за предавство во корист на Украина.

По нејзината инвазија на соседната земја во февруари 2022 година, Русија започна масовна акција против критичарите на војната, а судењата за „предавство“, „тероризам“, „екстремизам“, „саботажа“ и „шпионажа“ се зголемуваат.


-„Убеден поддржувач“ на „Легијата на слободата на Русија“, која е класифицирана како терористичка организација од руските власти, Сергеј Брјуханов „е осуден на 14 години затвор“, се вели во соопштението на Вториот источен окружен суд.

Тој беше обвинет дека контактирал со организацијата која регрутирала волонтери за Украина и се приклучил во нејзините редови, се вели во соопштението на судот.

-И покрај тоа што сфатил дека оваа организација е контролирана и водена од украинските специјални служби и дека спроведува акции насочени кон безбедноста на Русија, Брјуханов извршил „предавство со собирање и пренесување информации за стратешки објекти до Министерството за одбрана, напиша судот.

Тој е обвинет и за гравирање на симболите на организацијата на различни места во Иркутск и ангажирање на неговите роднини да му помогнат во неговите активности, се вели во соопштението. 

Можете да прочитате

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија и покрај заканите од Унгарија

ЕУ почна огромен проект за инвестирање во одбраната

Русија ја прогласи Велика Британија за свој главен непријател: Протерани дипломати и заострување на напнатоста