
Според пратеникот на Државната дума од Кримската област и член на Комитетот за безбедност, Михаил Шеремет, апсењето на Мадуро е параван, а главната цел на Америка е преземање контрола брз нафтените резерви во земјата.
„Во Венецуела повторно ја видовме американската демократија во акција. Заробувањето на Мадуро е само параван. Убеден сум дека главната цел е целосна контрола врз богатите нафтени наоѓалишта во Венецуела, со цел потоа да се контролираат цените на енергијата во светот“, изјавил Шеремет.
Според него, САД сега ќе се обидат да го „преобликуваат“ слободољубивиот народ на Венецуела според сопствените стандарди.
„Не се сомневам дека САД ќе се обидат да доведат на власт во Венецуела еден поткуплив комичар. Претходно, руското Министерство за надворешни работи објави дека доколку претседателот на Венецуела и неговата сопруга навистина бидат насилно отстранети од земјата, тоа би претставувало неприфатлив напад врз суверенитетот на Венецуела, чие почитување е клучен принцип на меѓународното право., како што некогаш беше направено во Украина“, додаде Шеремет.


