Утрински Весник
Свет

Русија се огласи по американско-израелскиот напад врз Иран

Rusija.webp.webp

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека американско-израелскиот напад врз Иран била планирана воена акција.

– Обемот и карактерот на претходните воено-политички и пропагандни подготовки за овој непромислен потег, вклучително и префрлањето на голема американска воена група во регионот, не оставаат сомнеж дека станува збор за однапред планиран и неиспровоциран чин на вооружена агресија против суверена и независна држава, членка на ОН, со што се кршат основните принципи и норми на меѓународното право – се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА Новости.


Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно денес изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.

Можете да прочитате

Нападнат американски конзулат во Пакистан

Демонстранти ја нападнаа амбасадата на САД во Багдад

Зеленски ја изрази својата поддршка за нападите предводени од САД