Утрински Весник
Свет

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови

Rusija.webp.webp
Dik 300x250 mk

Русија започна да користи резервисти за заштита на клучната инфраструктура од украински напади со дронови – што е првпат овие сили се распоредуваат за таква цел, јавија денеска руски медиуми.

Во Ленинградската област околу Санкт Петербург почнала да дејствува единица задолжена за спречување саботажи и за одбрана на стратешки објекти, јави весникот Комерсант, повикувајќи се на гувернерот Александар Дрозденко.


Првично се распоредуваат 105 резервисти, опремени со оружје и возила, кои ќе ги зајакнат воздушните одбрани околу пристаништата, енергетската и индустриската инфраструктура во регионот, пренесува ДПА.

Руската Дума неодамна усвои закон со кој се овозможува формализирана употреба на резервисти за заштита на стратешки објекти.

Украина повеќепати ги таргетираше руските складишта за гориво, нафтените рафинерии и друга критична инфраструктура во рамки на својата одбрана од руската инвазија, која влегува во четвртата година.

Иако руските воздушни одбрани секојдневно пријавуваат пресретнување на дронови, распоредувањето на резервисти покажува дека безбедносните предизвици остануваат сериозни, оценува германската новинска агенција.

Сергеј Шојгу, поранешен министер за одбрана, а сега секретар на Советот за безбедност, изјави дека нападите со дронови нагло се зголемиле во последните години – од поединечни случаи пред две години до стотици инциденти денес.

Тој го посочи Поволжје, каде се наоѓаат бројни стратешки одбранбени фабрики, како честа мета на напади.

Шојгу предупреди дека оштетувањето на инфраструктурата, вклучувајќи железнички и транспортни мрежи, може да ја наруши воената логистика за војната во Украина.

Тој додаде дека ќе се формираат и доброволни групи за подобра заштита на клучните објекти – иницијатива што ја поддржал претседателот Владимир Путин. 

Можете да прочитате

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство

Јамајка погодена од ураган со рекордна сила, Старлинк нуди бесплатен интернет за помош