Утрински Весник
Свет

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството. Не е прецизиран членот по кој е издаден налогот за апсење на украинскиот лидер.

Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната.

Радио Спутник пишува дека Русија распишала и потерница за Валериј Залужни, поранешен врховен командант на украинските вооружени сили.

Меѓународниот суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин во март минатата година. Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација

Можете да прочитате

Украина ја нападнала резиденцијата на Путин, Кремљ најави одговор

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани