Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Русија распиша меѓународна потерница по убиецот на Дарја Дугина

Русија распиша меѓународна потерница по убиецот на Дарја Дугина
300x250 opst2

Русија издаде меѓународна потерница за Наталија Вовк, која е обвинета за убиство на руската новинарка и политиколог Дарја Дугина.

dobivaj vesti na viber

Како што е соопштено за Спутник, Московскиот градски суд наредил Наталија Вовк да биде притворена два месеца по нејзиното апсење на територијата на Русија или екстрадиција.

Наталија Вовк е обвинета за убиство извршено од група лица, мотивирано од политичка или друга омраза. Во Русија ѝ се заканува затворска казна од осум до 20 години.

Дарја Дугина загина на 20 август кога експлодирал автомобилот што го возела. Таа починала на лице место. Автомобилот експлодирал кога врз него била поставена активирана експлозивна направа. Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека зад убиството на руската новинарка стојат украински специјални служби, а сторител е украинската државјанка Наталија Вовк, која со ќерката пристигнала во Русија на 23 јули.

Според информациите на ФСБ, откако автомобилот во кој се наоѓала Дугина бил кренат во воздух, Наталија Вовк и нејзината ќерка отпатувале за Естонија преку регионот Псков.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот