Утрински Весник
Свет

Русија пушти во употреба три нови воени бродови

Русија пушти во употреба три нови воени бродови

Рускиот претседател Владимир Путин преку видео повик учествуваше на церемонијата на пуштање во употреба на три нови воени бродови.

dobivaj vesti na viber

„Во наредниот период ќе го зголемиме обемот на изградба на бродови од различни проекти, ќе ги опремиме со најмодерно оружје и ќе спроведеме оперативна и борбена обука користејќи го искуството стекнато за време на специјалната воена операција – рече Путин.

Тој изјави дека новите воени бродови „ќе ја осигураат безбедноста на Русија во наредните децении“.

Бродовите на кои беа веени руските знамиња на денешната церемонија и на тој начин пуштени во употреба вклучуваат миночистач, мал ракетен брод и подморница со нуклеарни ракети наречена „Генералисимо Суворов“, која ќе носи балистички ракети со нуклеарен врв, а се подготвува уште една , пренесува ТАС С.

Истата агенција наведува дека во морето е пуштена уште една подморница од истиот тип, наречена „Цар Александар III“, која исто така ќе биде пуштена во употреба по тестирањето.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ