Утрински Весник
Свет

Русија обвини Украинец за убиство на руски командант

Русија обвини Украинец за убиство на руски командант

Сергеј Денисенко е обвинет за убиство со умисла на Станислав Ржицки и илегална трговија со оружје, соопшти денеска рускиот истражен комитет.

dobivaj vesti na viber

Денисенко, украински државјанин, беше приведен претходно оваа недела под сомнение дека го убил Ржицки, поранешен командант на подморница во руската црноморска флота.

Ржицки беше убиен во понеделник наутро додека џогирал низ парк во Краснодар. Тој беше заменик-шеф на одделот за мобилизација и, според извештаите, поранешен командант на подморницата Краснодар што се користеше за извршување на смртоносни ракетни напади врз украинските градови.

Можете да прочитате

Германскиот парламент одобри побрза набавка на оружје

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Русија протера британски дипломат поради шпионажа