Утрински Весник
Свет

Русија не очекува успех од разговорите за Украина во Берлин

Rusija.webp.webp

Русија не очекува позитивен исход од разговорите за прекин на огнот во Украина во Берлин, изјави Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на претседателот Владимир Путин, во објава на руската државна телевизија.

Тој истакна дека придонесите од Украина и европските сили на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп „тешко дека ќе бидат конструктивни“.

Ушаков додаде дека Русија нема да ги повлече територијалните барања, вклучително и делови од Доњецк и Луганск што сè уште не се под нејзина контрола. „Москва не знае што Украинците и нивните европски сојузници планираат. Тешко дека ќе биде нешто добро“, рече Ушаков, додавајќи дека соништата на украинскиот претседател Володомир Зеленски за членство во НАТО и враќање на Крим немаат реални шанси. Американската делегација на разговорите во Берлин ја предводат Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Украина се брани од руската инвазија од февруари 2022 година.

Можете да прочитате

Австралија го поттикнува антисемитизмот со признавање на палестинската држава, обвинува Нетанјаху

Нападот врз Бонди е „чин на чисто зло“, вели австралискиот премиер

16 загинати во вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј