Утрински Весник
Свет

Русија, Кина и Иран ќе одржат заедничка поморска вежба во Оманскиот залив

Zajednicke Pomorske Vezbe Kine Rusije I Irana Pocinju Sutra.jpg

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека група руски воени бродови денеска пристигнале во Иран за да учествуваат во вежби со Иран и Кина во Оманскиот Залив и Арапското Море. Бродовите и авијацијата ќе учествуваат во заедничките вежби наречени „Поморски безбедносен појас – 2024“, се наведува во соопштението.

„Практичниот дел од вежбата ќе се одвива во водите на Оманскиот залив на Арапското Море. Основната цел на маневрот е да се работи на безбедноста на поморската стопанска дејност“, соопштуваат од Министерството.

Групата испратена од Русија ја предводи ракетниот носач Варјаг на руската флота во Големиот Тихи Океан. На вежбите како набљудувачи ќе присуствуваат претставници на Пакистан, Казахстан, Азербејџан, Индија и Јужна Африка.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење