Утрински Весник
Свет

Русија изврши напад од воздух врз Киев, соопшти украинската армија

Ukraina Ruski Napad.jpg

Руските сили утрово извршија воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска на Телеграм. Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот.

Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала.

Очевидци за западни медими изјавија дека се слушнале неколку експлозии во и околу Киев. Засега не се знае дали има штета во околината на Киев. Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина кратко по 03:00 часот по локално време и траеше неколку часа, вклучително и во пограничната област со Полска. Авионите на Полска и сојузниците се активирани како мерка на претпазливост, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа Х.

Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино -град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина, на помалку од 100 километри од Харков, кој е втор по големина украински град. Според Гладков, украинските ракети оштетиле шест куќи и 11 блокови.

Можете да прочитате

Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 150 луѓе, илјадници се раселени

Велика Британија од утре ја забранува продажбата на електронски цигари за еднократна употреба

Мал авион се урна во тераса од зграда во Германија, загина пилотот и уште едно лице