Утрински Весник
Свет

Русија испраќа 170 тенкови и 200 оклопни возила во Белорусија

Русија испраќа 170 тенкови и 200 оклопни возила во Белорусија

Од Русија во Белорусија ќе пристигнат околу 170 тенкови, до 200 борбени возила и до 100 топови и минофрлачи, изјави шефот на Одделот за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана на Белорусија, Валериј Ревенко, додавајќи дека ќе бидат распоредени во т.н. регионалната група сили, воениот колектив на Белорусија и Русија.

dobivaj vesti na viber

На 10 октомври, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го објави почетокот на формирањето на Регионалната група на сили, која ќе биде базирана на војници на белоруските вооружени сили, пишува Тасс.

Според Лукашенко, одлуката за користење на заедничката група, која е донесена за време на преговорите со рускиот претседател Владимир Путин, е предизвикана од влошувањето на ситуацијата на западните граници на Унијата.

Пристигнувањето на првите возови со руски војници во Белорусија го најави Министерството за одбрана на 15 октомври. Според Министерството за одбрана на Белорусија, вкупниот број на руски воен персонал во регионалната групација на силите ќе биде околу 9 илјади војници.

Можете да прочитате

Рубио: САД сега подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина

Спречен заговор за убиство на Орбан

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви