Утрински Весник
Свет

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

20251015090828 big 730x400 61.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, ѝ предаде материјали од Рускиот сојузен архив, засновани на декласифицирани советски документи за атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, на републиканската конгресменка Ана Паулина Луна, пренесува Тасс.

Церемонијата се одржа во резиденцијата на амбасадорот во Вашингтон.


„Примајќи ја Луна во својата резиденција, Дарчиев изрази надеж дека архивските податоци, собрани од уредувачкиот одбор на збирката ‘Атентатот на Кенеди и советско-американските односи’, ќе фрлат дополнителна светлина врз трагедијата“, истакна руската дипломатска мисија, пренесува Тасс.

На барање на конгресменката Луна, а во рамки на дополнителната истрага за атентатот што ја вети американскиот претседател Доналд Трамп, Дарчиев ги предал материјалите планирани за објавување од страна на Федералната архивска агенција (Росархив).

Материјалите се засновани на декласифицирани советски документи, од кои дел американската страна претходно ги добила од претседателот на Врховниот совет на СССР, Анастас Микојан, кој го претставувал Советскиот Сојуз на погребот на шефот на државата.

Американскиот претседател Џон Ф. Кенеди беше застрелан во Далас на 22 ноември 1963 година. Истрагата утврди дека убиството го извршил Ли Харви Освалд, дејствувајќи сам. Самиот Освалд беше убиен два дена по неговото апсење.

Подоцна беше откриено дека Освалд живеел во СССР од 1959 до 1960 година, па дури и работел како стругар во фабрика во Минск, каде се оженил со Русинка, која подоцна заедно со него емигрирала во САД. Оттогаш се појавија бројни теории за тоа кој би можел да има корист од атентатот на Кенеди.

Во март, САД објавија декласифицирани документи за атентатот врз Кенеди, неговиот брат Роберт и црниот активист за граѓански права Мартин Лутер Кинг.

Американските власти законски беа обврзани целосно да ги декласифицираат податоците за атентатот врз Кенеди до 2017 година. Сепак, Доналд Трамп, како и неговиот наследник Џо Бајден, им дадоа дополнително време на американските разузнавачки служби да проценат дали објавувањето на информациите ќе им наштети на државните интереси.

Можете да прочитате

Орбан ја предупреди Белгија да не ги користи замрзнатите руски средства за Украина

Ербас доби договор од 30 милиони евра од европска агенција

Зеленски бара јасна поддршка од ЕУ и користење на замрзнатите руски средства