
Русија и Украина спроведоа нова рунда размена на тела на загинати војници, изјави за РБК пратеникот на Државната дума Шамсаил Саралиев, претставник на парламентарната координативна група за специјални воени операции.
Според Саралиев, 1.000 мртви војници биле предадени на украинската страна, а 41 на руската страна, објавува РБК Русија.
Последната размена на тела меѓу Русија и Украина се случи на 26 февруари. Потоа 1.000 мртви војници биле предадени на Украина, а 35 на Русија.

