Утрински Весник
Свет

Русија и Украина разменија по 300 воени заробеници

Ukraina vojnik 1.jpg

Русија и Украина денеска разменија воени заробеници во форматот 300 за 300, објави руското Министерство за одбрана.

Руските медиуми објавија дека ослободените руски војници моментално се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што ја добиваат потребната психолошка и медицинска помош.


Оттаму истакнуваат дека тие потоа ќе бидат однесени во Русија на лекување и рехабилитација во медицинските установи на Министерството за одбрана.

Русија и Украина и вчера си разменија по 200 воени заробеници, потсети руското Министерство за одбрана.

САД и Обединетите Арапски Емирати обезбедија услуги за посредување за време на размената, наведуваат руските медиуми

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон