Утрински Весник
Свет

Русија го поздрави апсењето на Украинец за експлозиите на Северен тек

20240829183037 big 730x400 86.webp.webp

Кремљ го поздрави апсењето на украински државјанин во врска со саботажата на гасоводите на Северен тек во 2022 година.

– Несомнено е задоволувачки што истрагите се во тек, и се надеваме дека навистина ќе бидат завршени, и ќе ги именуваат не само сторителите, туку и организаторите на овие терористички акти, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.


Сепак, како што пренесува ДПА, тој се пожали дека Русија сè уште е исклучена од истрагите.

Минатата недела, украински државјанин беше приведен во Италија. Германското федерално обвинителство го обвинува дека е вмешан во експлозиите на гасоводите, кои транспортираа гас од Русија до Германија.

Киев негира дека стои зад нападот, кој се случи во годината кога Русија ја почна својата инвазија врз Украина.

Европа масовно ја намали својата зависност од руска енергија поради војната, но саботажата во близина на данскиот балтички остров Борнхолм сè уште се третира како кривично дело.

Сомневањата беа насочени во различни правци, вклучувајќи ја и Москва. Руските власти постојано ги негираа овие обвинувања и ги обвинуваа разузнавачките агенции од САД и Велика Британија за нападот.

Во моментот на експлозиите, низ гасоводите повеќе не течеше гас. По почетокот на војната против Украина, Русија постепено го намали снабдувањето преку Северен тек и целосно го запре на почетокот на септември 2022 година, наводно поради технички проблеми.

Набљудувачите се сомневаа дека ова е обид да се зголеми притисокот врз Западот, особено врз Германија, да ги укине санкциите воведени против Русија поради војната.

Можете да прочитате

Истакнати Италијанки, вклучително и Мелони, жртви на онлајн скандал

Захарова: Гаѓаме само воени цели, украинската ПВО погодува цивилни објекти

Израел ја нападна Сана додека лидерот на Хутите држеше говор