Утрински Весник
Свет

Русија: Франција одбива итна седница на СБ на ОН за падот на авионот со украински заробеници

20240125121636 Big 730x400 10

Руската мисија во Обединети нации денеска соопшти дека Франција го одбила барањето на Русија за закажување на седница на Советот за безбедност на ОН, на која би се разговарало за падот на рускиот воен авион со кој се превезуваа украински воени заробеници за размена.

– Франција го избра патот на злоупотреба на своите овластувања како претседавач со СБ и одбива да го исполни барањето за итен состанок на СБ на ОН поради терористички напад на режимот во Киев, објави на Телграм заменик рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Полјански. Според него, „Франција се обидува да купи време, за Украина да излезе со барем некое убедливо објаснување за фаталната несреќа“.

Руското Министерство за одбрана вчера ја обвини Украина за соборување на воен авион Ил-76, со кој се превезуваа 65 заробени украински војници, шест членови на екипажот и тројца придружници.

– Екипажот и сите патници во авионот се убиени. . . Украинските власти однапред добро знаеле за планираниот транспорт, се наведува во соопштението, посочувајќи оти  станува збор за „терористички напад“ организиран за да се обвини Москва за убиство на украински војници.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме