Утрински Весник
Свет

Русија ја прогласи компанијата „Мета“ како терористичка организација

Русија ја прогласи компанијата „Мета“ како терористичка организација

Руската Федерална служба за финансиски надзор Росфинмониторинг денеска ја стави американската компанија „Мета“ на листата на организации вклучени во тероризам и екстремизам.

dobivaj vesti na viber

Законот ги обврзува банките да ги замрзнат средствата на граѓаните и организациите од црната листа на Росфинмониторинг и да престанат да ги сервисираат, пренесе Интерфакс.

На 21 март 2022 година, судот во Твер, по тужбата на Канцеларијата на главниот обвинител на Русија, ја означи „Мета платформа“ како екстремистичка и ги забрани нивните активности во Русија, односно социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада