Утрински Весник
Свет

Русија ја ослободи американската кошаркарка, Бритни Грејнер при размена на затвореници

Русија ја ослободи американската кошаркарка, Бритни Грејнер при размена на затвореници

Бритни Грејнер, кошаркарка во Националната кошаркарска асоцијација за жени (ВНБА), која беше држена со месеци во руски затвор, обвинета за поседување наркотички средства, е ослободена денеска во размена на затвореници меѓу САД и Русија, а за меѓународниот трговец со оружје Виктор Бут, јавија дел од американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

-Предмалку зборував со Бритни Грејнер. Таа е на безбедно. Таа е во авион и си оди дома, рече претседателот Џо Бајден на Твитер.

Администрацијата на Бајден беше под голем притисок да обезбеди ослободување на Грејнер. Ова се смета за делумен, но барем некаков успех по повеќемесечните преговори со Москва. Многумина се надеваа дека Бут ќе биде разменет за двајцата Американци, Грејнер и екс-маринецот Пол Вилан, осуден за наводна шпионажа во Москва кој веќе четири години е во затвор, но Русите сепак се држеа до формулата „еден за еден“.

Очигледно, Грејнер имала предност.

Од Белата куќа изјавија дека претседателот зборувал со неа од овалната соба, придружен од нејзината сопруга Черел Грејнер, потпретседателката Камала Харис и државниот секретар Ентони Блинкен.

Договорот за размена на затвореници бил финализиран минатата недела, размената се извршила во Обединетите Арапски Емирати.

За да осигура ослободување на Грејнер, претседателот нареди Бут да биде ослободен и вратен во Русија. Бајден потпиша уредба за помилување со што ја скрати 25 годишната затворска казна на Бут, осуден за заговор за продажба на оружје на лица кои имале планови да убиваат Американци.

Русинот Бут е познат и како „трговец со смртта“, а неговиот лик е одглумен од актерот Николас Кејџ во холивудскиот филм „Господар на војната“.

Грејнер беше задржана во московски аеродром во февруари, откако службените лица во патната торба и најдоа масло од канабис. Оваа супстанца се смета за наркотичко средство и е забранета во Русија.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк