Утрински Весник
Спорт

Рубиалес одби да поднесе оставка по скандалот на СП

Рубиалес одби да поднесе оставка по скандалот на СП

Претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз Луис Рубиалес (46) во петокот одби да поднесе оставка, иако шпанските медиуми, повикувајќи се на извори од асоцијацијата, во средата објавија дека тој ќе поднесе оставка под притисок на јавноста.

dobivaj vesti na viber

Рубиалес ја бакна во уста шпанската репрезентативка Хенефер Еермосо за време на прославата и доделувањето на медалите. Веднаш реагираше шпанската јавност, а според медиумите министрите во шпанската влада и премиерот побарале негова оставка.

„Нема да се повлечам, нема да се повлечам, нема да се повлечам. Што направив? Поради еден краток, меѓусебно договорен бакнеж да се повлечам? Ќе се борам до крај. Бакнежот со Ермосо беше заеднички, со согласност и во состојба на еуфорија. Немаше желба од моја страна да воспоставам позиција на доминација”, извикувал Рубиалес за време на говорот. на вонредна седница во седиштето на Шпанскиот фудбалски сојуз.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига