Утрински Весник
Македонија

„Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка

20241004173810 Big 730x400 38.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“.

Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, а целта, според нив, е да се даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите.

-Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба. Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее, стои во соопштението на здружението.

Можете да прочитате

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет”

Мицкоски денеска во Брисел на Самитот за проширување на ЕУ

Врнежи, засилен северен ветер и продор на ладен воздух од север во Македонија