Утрински Весник
Спорт

Роналдо стана најплатен играч во историјата и порача: Визијата на Ал-Наср инспирира

Роналдо стана најплатен играч во историјата и порача: Визијата на Ал-Наср инспирира
Dik 300x250 mk

Кристијано Роналдо и саудискиот клуб Ал-Наср го потврдија новиот договор на Португалецот, кој откако не успеа да најде клуб во Европа кој ќе се согласи на неговите услови, реши да се „испроба“ во саудиската лига.

dobivaj vesti na viber

Иако првичните извештаи зборуваат за годишна плата од фантастични 75 милиони долари по сезона, секогаш добро информираниот Фабрицио Романо тврди дека сумата за преселба на Роналдо во Ал-Наср ќе му донесе 200 милиони евра годишно, ако се земат во предвид парите кои тој ќе ги добива преку доплнителни комерцијални договори со саудиската држава. Според Романо, договорот е до 2024 година, односно на две и пол сезони.

„Пресреќен сум за новото искуство во поинква лига и во друга земја, а визијата која Ал-Наср ја има е многу инспиративна. Возбуден сум и едвај чекам да се приклучам на моите соиграчи и се надевам дека ќе донесам голем успех за тимот“, изјави Роналдо.

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс