Утрински Весник
Спорт

Роналдо секогаш носи парче хартија во џебот, кога ќе го налутат тој им покажува што пишува на него

Роналдо секогаш носи парче хартија во џебот, кога ќе го налутат тој им покажува што пишува на него

За десет дена ќе излезе книгата „Меси против Роналдо: Едно ривалство, двајца Г.О.А.Т“, а магазинот „Сан“, објави приказна за парчето хартија што Кристијано Роналдо секогаш го носи во џебот.

dobivaj vesti na viber

Португалскиот напаѓач, еден од најдобрите играчи на сите времиња, толку многу сака да се фали со своите достигнувања што со себе носи парче хартија на кое е наведено се што направил во кариерата. Ова го откри Карлос Бруно, кондициониот тренер на Спортинг Лисабон.

Бруно објасни дека еднаш кога бил во таборот на Реал, се нашол среде расправија, околу тоа кој е подобар, Роналдо или Меси открил како реагирал Роналдо во тој момент.

„Тој извади парче хартија од џебот на кое беа напишани сите негови достигнувања во кариерата. Се што постигнал со клубовите и индивидуално. Ништо ново за него, тоа е само дополнителна мотивација за него и затоа направи толку големи работи во кариерата“, откри Бруно.

Роналдо во кариерата освои пет Златни топки, повеќе од него има само Меси, кој освои седум.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари