Утрински Весник
Спорт

Роналдо постави нов неверојатен рекорд

Роналдо постави нов неверојатен рекорд

Напаѓачот на Ал-Наср и на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, стана првиот играч во историјата на фудбалот, кој одиграл повеќе од илјада натпревари без пораз, објави Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

dobivaj vesti na viber

Натпреварот од азиската Лига на шампиони против Персеполис (2-0) беше 1000. меч без пораз за 38-годишниот напаѓач во неговата блескава кариера.

После тоа, фудбалерот му помогна на својот тим да го победи Ал-Ахли (4-3) во првенството на Саудиска Арабија.

Вкупно, Роналдо има 777 победи, 224 нерешени мечеви и 182 порази. Од 1001 меч без пораз, 21 се за Спортинг, 284 за Манчестер Јунајтед, 386 за Реал Мадрид, 114 за Јувентус, 27 за Ал-Наср и 168 за репрезентацијата на Португалија.

Кристијано Роналдо е петкратен освојувач на „Златната топка“, петпати ја освоил Лигата на шампионите, трипати станал шампион на Англија и двапати на Шпанија и на Италија.

Тој е и европски шампион од 2016 година. со репрезентацијата на Португалија.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026