Утрински Весник
Спорт

Роналдо е заинтересиран за трансфер во Интер Мајами

Роналдо е заинтересиран за трансфер во Интер Мајами

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, е заинтересиран за преселба во американскиот клуб Интер Мајами, кој е во сопственост на легендата на „црвените ѓаволи“, Дејвид Бекам, тврди „Манчестер Ивнинг њуз“.

dobivaj vesti na viber

Роналдо, кој ќе наполни 38 години следниот февруари, го постигна победничкиот гол за Јунајтед во нивната победа од 2:1 над Евертон во неделата, постигнувајќи го голот број 700 на клупско ниво во кариерата.

Португалецот сакаше да ги напушти „црвените ѓаволи“ во текот на летото, но не успеа да најде тим и мораше да остане на „Олд Трафорд“.

Сепак, напаѓачот започна само еден натпревар во Премиерлигата оваа сезона и беше оставен на клупата за резерви во убедливиот пораз од Манчестер Сити (6:3). Тој постигна 24 гола минатата сезона, но има само два оваа сезона со оглед и на ограниченото време на теренот.

Во последните неколку дена се појавија информации дека американскиот клуб Интер Мајами има интерес за Роналдо, кој сепак е отворен за идејата да игра во МЛС – лигата на САД. Португалецот не е задоволен од својата периферна улога во тимот на Ерик тен Хаг и затоа Американците подготвуваат понуда од 30 милиони фунти во јануари.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк