Адвокатите на Кристијано Роналдо ги отфрлија „целосно лажните“ вести од венецуелската инфлуенцерка Георгилаја, која тврди дека имала секс со португалскиот фудбалер.
Блогерката, позната само како Георгилаја, тврди дека Роналдо ја измамил неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез во хотелска соба во Португалија на 25 март, кога Роналдо бил на подготовки со репрезентацијата. Таа тврди дека Роналдо ја поканил во хотелската соба со СМС порака откако претходно се фотографирала со него.
„Кога ја прочитав пораката, помислив дека ќе разговараме, ќе се запознаеме и ќе добијам нови фотографии. Но, не мислев ека ќе има секс, но тоа се случи. Тоа беше со моја согласност, но сепак, се чувствував изманипулирано од славата и моќта на Кристијано Роналдо“, вели Георгилаја за британскиот таблоид „Сан“.
Портпаролот на Роналдо ги отфрли обвинувањата како „лажни и клеветнички“.
Роналдо има две деца со неговата долгогодишна девојка Гееоргина, која ја сретна во продавница на „Гучи“ во 2016, каде што Георгина работела како асистент за продажба.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram