Утрински Весник
Спорт

Роналдо бил подготвен да се пресели во САД

Роналдо бил подготвен да се пресели во САД

Кристијано Роналдо е подготвен да го напушти Манчестер јунајтед, тврдат англиските медиуми. Португалецот од почетокот на подготовките за новата сезона продуцира проблеми во клубот. Последниот поради кој доби суспензија од тренерот Тен Хаг се случи во средата.

dobivaj vesti na viber

Кристијано Роналдо, против Тотенхем, најпрво одби да влезе во игра, а потоа во 89.минута замина во соблекувалната. Тен Хаг не можеше да замижи пред овој инцидент. Го суспендираше Роналдо за дербиот со Челси.

Англиските медиуми пишуваат дека и покрај тоа што Тен Хаг само да го сочува мирот во соблекувалната, изјавил дека по суспензијата тој сериозно ќе смета на Роналдо.

Наводно и Роналдо станал свесен дека тешко ќе ја добие шанса во првиот тим, а и дека на негова адреса ќе дојде понуда од сериозен европски клуб.

Медумите во Англија пишуваат дека Роналдо му порачал на својот менаџер дека е подготвен да замине во американската МЛС и дека е заинтересиран да ги разгледа понудите. Значи Роналдо е подготвен во јануарскиот преоден рок да го напушти „Олд Трафорд“.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ