Утрински Весник
Свет

Романски вицепремиер поднесе оставка поради корупциски скандал

Romanija.webp.webp

Романскиот вицепремиер Драгош Анастасиу поднесе оставка во вчера поради стар корупциски скандал во кој тој беше сведок.

Премиерот Илие Болосан го задолжи Анастасиу да ја надгледува реформата на државните компании како дел од пошироките напори за намалување на буџетскиот дефицит и ограничување на расипничкото трошење и неефикасноста на владата.


Минатата недела беше откриено дека една од компаниите во сопственост на Анастасиу била уценувана од даночен инспектор и му плаќала пари осум години, почнувајќи од 2009 година, за да избегне долги инспекции. Компанијата подоцна го пријавила инспекторот, кој бил осуден за поткуп во 2023 година. Анастасиу и неговиот партнер никогаш не биле гонети за никакво кривично дело.Анастасиу рекол дека компанијата ги платила сите даноци и дека им плаќала пари на даночните службеници „за да преживее, а не за да оствари профит“.

„Ги повикувам сите бизнисмени да проговорат и да кажат под кои услови се работи во Романија и повеќе да не го прифаќаат она што ние го направивме“, изјави тој пред новинарите.

Владата, која планира да ги зголеми даноците во август, да отпушти државни службеници и да ги намали бенефициите, веќе се соочи со протести. Но, избегна намалување на кредитниот рејтинг од страна на агенциите за рејтинг.

Можете да прочитате

Кремљ не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Трамп во Кина во септември

Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија

Трамп: САД и ЕУ постигнаа историски трговски договор