Утрински Весник
Свет

Романија екстрадираше во САД клучен либански финансиер на Хезболах

Романија екстрадираше во САД клучен либански финансиер на Хезболах

Американското Министерство за правда извести во средата дека, претходно неделава, Романија екстрадирала во САД еден од клучните финансиери на Хезболах, пренесува „Ал Арабија“.

dobivaj vesti na viber

Либанското шиитско движење Хезболах, кое е одговорно за повеќе терористички напади врз американски војници, владини службеници и цивили во странство, беше означено како терористичка група од САД во 1997 година.

Мохамед Бази, либанско-белгиски државјанин и поранешен почесен конзул на Гамбија во Либан, беше уапсен од романските власти во февруари по американска потерница поради обвиннија за помагање, спонзорирање и обезбедување финансиска, материјална и технолошка поддршка и финансиски услуги на Хезболах.

Вашингтон го означи Бази како глобален терорист во 2018 година и го стави под санкции. Тој е обвинет за обид за избегнување санкции и за обид да испере и префрли повеќе од 800.000 долари од САД во Либан.

Според портпаролот на Канцеларијата на американското обвинителство во Бруклин, Бази бил екстрадиран од Романија во Њујорк во вторникот и бил изведен пред Федералниот суд во Бруклин, каде што вчера се изјаснил за невин по обвиненијата, но судијата му одредил мерка пртивор до судењето.

Обвиненијата покренати во февруари од американското Министерство за правда го товарат Бази за обезбедување најмалку еден милиони долари на Хезболах од неговите бизниси во Белгија, Либан, Ирак и Западна Африка. Заедно со Бази беше обвинет уште еден либански државјанин, Талал Шахин.

Бази и Шахин користеле бројни методи за да ги сокријат своите методи за перење пари од Министерството за финансии и американските власти. Тие вклучуваат барање на трета страна во Кина, како и фиктивен договор за франшиза за правата да управуваат со синџир либански ресторани во САД.

Бази е еден од 500-те сегашни или поранешни почесни конзули идентификувани минатата година во истрагата на ПроПублика и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, која откри широко распространети злоупотреби во овој малку познат и слабо регулиран систем на меѓународна дипломатија.

Истрагата „Дипломати во сенка“ откри дека голем број почесни конзули биле обвинети за злосторства или биле вмешани во скандали, често и додека ги извршувале своите функции. Триесет сегашни и поранешни почесни конзули се санкционирани од САД и други влади, а деветмина биле поврзани со терористички групи, вклучувајќи го и Бази.

Екстрадицијата на Бази доаѓа една недела откако американското обвинителство обвини уште еден финансиер на Хезболах, Назем Ахмад, за избегнување на американските санкции и продажба на дијаманти и уметнички дела во вредност од стотици милиони долари.

Ахмад не е уапсен, но еден од неговите соработници, Сундар Нагараџан, беше уапсен во Британија минатата недела. САД бараат екстрадиција и на Нагарајан.

САД имаат историја на екстрадиција на лица обвинети за помагање во финансирањето терористички групи, особено Хезболах.

Гасан Диаб, либански државјанин идентификуван како соработник на Хезболах во 2016 година и обвинет обвинет за обезбедување средства за групата, беше уапсен на Кипар во 2019 година и екстрадиран во САД една година подоцна.

Касим Таџидин, уште еден наводен либански финансиер на Хезболах, беше уапсен во Мароко во 2017 година и екстрадиран во САД, каде што во 2019 година, беше осуден на пет години затвор. Но, администрацијата на Трамп го ослободи Таџидин и го депортира назад во Бејрут.

.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња