Утрински Весник
Свет

Романија доби нова проевропска влада

20241224074408 Big 730x400 17.webp.webp

Новата проевропска коалициска влада на Романија предводена од социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку синоќа положи заклетва во романскиот парламент.

Полагањето заклетва и свечената прва седница на владата следеше откако парламентот од 466 места ја одобри новата влада со 240 гласа за и 143 против, објавија романските медиуми.


Претседателот Клаус Јоханис го назначи Чолаку за премиер откако три прозападни партии постигнаа договор за владејачка коалиција чија цел е да ги спречи екстремно десничарските групи да влезат во владата.

-Влегувате во тежок период со нови обврски, порача Јоханис во честитката до Владата. „Ви посакувам успех во сè што наумивте да направите, но, пред сè, сакам да успеете за Романија и Романците. Луѓето очекуваат решенија, стабилност и влада која цврсто ја одржува траекторијата на Романија“. Јоханис рече дека сите со кои разговарал барале продолжување на проевропскиот пат на Романија.

Владата, која вклучува пет нови министри, беше формирана во услови на политички превирања поттикнати од откритијата за руско злобно влијание што доведе до поништување на претседателските избори откако промосковски аутсајдер победи во првиот круг.

Една од првите задачи на владата ќе биде да одреди датум за нови претседателски избори.

Минатата недела градоначалникот на Букурешт Никусор Дан кој е независен политичар изјави дека ќе се кандидира на претседателските избори.

Можете да прочитате

Уапсен маж кој со автомобил прегази пешаци во Лондон

35 жртви и 32 преживеани лица во авионската несреќа во Казахстан

Анкара: Турските воени сили убија 21 курдски борец во Северна Сирија и Ирак