Рома стигна до импресивна 2:0 победа над Реал Сосиедад во првиот меч од осминафиналето од Лига Европа, додека Арсенал во бурен меч одигра 2:2 на гостувањето кај Спортинг Лисабон. Најдраматично беше во Берлин, каде што Унион одигра луди 3:3 против белгискиот Сен-Жил, додека Баер Леверкузен со 2:0 го совлада унгарскиот Ференцварош.
По одличниот пробив на Пауло Дибала, Стефан Ел Шарави донесе водство на „Олимпико“ по само 13 минути игра, за во 87. минута, Мараш Кумбула да зголеми на 2:0, повторно по асистенција на Дибала.
Во Лисабон, пак, Арсенал дојде во водство во 22. минута преку Вилијам Салиба, за Инасио да израмни во 34. минута. Паулињо во 55. минута го донесе португалскиот клуб до водство, но славјето траеше само седум минути, пред Морита да си постигне автогол за 2:2.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Рома – Реал Сосиедад 2:0
Баер Леверкузен – Ференцварош 2:0
Спортинг Лисабон – Арсенал 2:2
Унион Берлин – Унион Сен-Жил 3:3
ОД 21 ЧАСОТ ИГРААТ
Јувентус – Фрајбург
Манчестер јунајтед – Реал Бетис
Севилја – Фенербахче
Шахтјор Доњецк – Феенорд
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
АЕК Ларнака – Вест хем 0:2
Андерлехт – Вилјареал 1:1
Шериф Тираспол – Ница 0:1
ОД 21 ЧАСОТ ИГРААТ
Базел – Слован Братислава
Фиорентина – Сиваспор
Гент – Башакшехир
Лех Познањ – Ѓургарден