Утрински Весник
Македонија

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Eu Ambassador To Malaysia 696x601 1 E1713332726796.jpg

Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа, изјави денеска шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас.

На прес-конференција во Битола, евроамбасадорот Рокас нагласи дека очекува овој пат и Европската унија да може да испорачува резултати со забрзана динамика.

– Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа. Процесот на проширување на Европската унија е врвен приоритет за самата Европска унија. Како сведоштво или како доказ за тој врвен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување, а имаме и политички директор кој што ја има функцијата за проширување. Значи ги имаме сите алатки на раполагање и треба да ги ставиме во дејство од првиот ден на работата на новиот состав на Европската комисија. Ние како Делегација на ЕУ заедно со мојот тим и сите други членки на ЕУ тука присутни, остануваме посветени на самиот напредок за да може да ги искористиме сите можности кои ЕУ ги нуди. Имаме на располагање различни финансиски механизми, како што е Планот за раст на Европската комисија и исто така реформската агенда на самата Влада. Очекувам ние како ЕУ, овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика, истакна Рокас.

Шефот на Делегација на ЕУ во земјава денеска е во посета на Општина Битола и други институции во овој град.

Можете да прочитате

ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла

Ни следува краткотрајно стабилно време, во недела нови врнежи и грмежи!

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници