Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Рокас : Гледам силна посветеност да се следат препораките од ЕУ, сега приоритет треба да биде законот за Судски совет

суд
300x250 opst2

Гледам силна посветеност на Владата да се работи и да се следат препораките од ЕУ, без разлика дали се на Оценската мисија, дали се од Извештајот за напредокот на земјата, или пак конкретно за владеење на правото, вели евроамбасадорот Михалис Рокас во интервју за МИА, што е негово прво интервју откако стапи на новата должност во земјава минатиот месец.

Според него, сега приоритетот треба да биде законот за Судски совет, што, како што нагласува, е многу важна реформа во поглед на начинот како е формиран, како се избираат и разрешуваат судии.

-Значи, има многу елементи за тоа дека работата е огромна и напредувала релативно брзо, ова е клучната област за сè, борбата против корупцијата, привлекување инвестиции, давање доверба на граѓаните во судскиот систем. Гледам дека има фер посветеност исто така и од страна на ЕУ и има голема поддршка за тековните проекти или проекти кои ќе бидат скроени според новата законска регулатива, што очекуваме Владата да ја донесе во наредните месеци, вели Рокас во интервјуто за МИА. 

Можете да прочитате

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ