Утрински Весник
Спорт

Родри: Тоа што го игра Шкотска не е фудбал

Родри: Тоа што го игра Шкотска не е фудбал
Dik 300x250 mk

Фудбалската репрезентација на Шпанија загуби од Шкотска со 2:0 во квалификациите за ЕВРО 2024, а капитенот на „црвената фурија“, Родри, беше бесен на начинот на кој домашните го „трошеа“ времето по обезбеденото водство.

dobivaj vesti na viber

„Направивме многу добри работи. Но, примивме лесни голови. Тоа е фудбалот. Кога тоа ќе ви се случи, доаѓа казната“, изјави Родри.

Сепак, на капитенот на Шпанците не му се допадна како селекцијата на Шкотска играла во текот на мечот.

„Така играат. Тие постојано одолговлекуваат и го трошат времето. За мене тоа не е фудбал. Судиите треба да направат нешто, но молчат. Сигурен сум дека ќе извлечеме поука за следниот пат. Сакаме да се бориме, да се вклучиме во дуели. Ние сме борбен тим, но, тоа што тие го играат не е фудбалска борба. Тоа е ср*ње“, изјави нервозно Родри.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја